За цената на струјата по Нова Година никој не може да гарантира

Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека не е прогласена кризна состојба во делот на енергетиката во државава.

Министерот уверува дека струја ќе има до Нова година, и дека до тогаш нема да се покачи ниту цената за граѓаните.

Но, не гарантира за од 1 јануари. Вели – тоа никој не знае. Само се надева дека нема да има вонредно покачување на цената на струјата за домаќинствата.

“Зборуваме за светска криза. И нашиот енергетски сектор и мрежата анша енергетска секако е поврзана со европската. И никој не може да гарантира од денеска за тоа што ќе им се случи од 1 јануари натаму. Јас можам да гарантирам дека ние на дневна база ќе ги разгледаме сите можности, се со цел да излеземе во пресрет и да немаме таква криза” – изјави министерот за економија , Крешник Бектеши.

Total
7
Shares

USJE
Поврзани објави