Зеленски ги разреши шефот на Државната безбедности и главната обвинителка

Повеќе од 60 вработени во Јавното обвинителство и во Државната безбедност останале во окупираните територии и работат против интересите на Украина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски доцна синоќа издаде наредба за разрешување на шефот на Државната безбедност и главната обвинителка во земјата. Тој во видео обраќање на социјалните мрежи објави дека повеќе од 60 вработени во Јавното обвинителство и во Државната безбедност останале во окупираните територии и работат против интересите на Украина.

-Од денеска регистрирани се 651 кривична постапка во врска со предавство и активности за соработка на вработени во Јавното обвинителство и други Агенции за спроведување на законот. Во 198 кривични постапки, релевантните личности се известени за сомневањата, рече Зеленски во обраќањето.

Вели дека злосторствата против темелите на националната безбедност на Украина се многу сериозни прашања за Владата и најави дека сите ќе добијат соодветен одговор.

Шефот на Државната безбедност, Иван Баканов е пријател на Зеленски од детството. Баканов имал главна позиција во приватна компанија регистрирана во Шпанија, што го прекршува антикорупцискиот закон на Украина.

Решенијата за негова смена и смена на главната обвинителка Ирина Венедиктова се објавени на веб страницата на украинскиот претседател.

Total
22
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(Фото) “Оделе на аџилак во Меѓугорје”: Детали од страшната несреќа во Хрватска, пристигнале првите фотографии од уништениот автобус

Министерот за внатрешни работи на Хрватска Давор Божиновиќ потврди дека во болница починало уште едно лице од автобусот…