Зеленски ќе се обрати во грчкиот парламент

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се обрати во грчкиот парламент. Зеленски ја прифати поканата да се обрати на собранието од неговиот спикер Константинос Тасулас, по телефонскиот разговор со премиерот Киријакос Мицотакис во минатиот петок. „Важно е грчкиот парламент да ја слуша пораката на претседателот, кој заедно со неговата земја се брани од варварска и нелегална инвазија“, рече Мицотакис по Самитот на ЕУ во Брисел.

Грција се координира со Франција и други земји за организирање мисија за хуманитарна помош во Мариупол, јужноукраински пристанишен град со 400.000 жители пред војната, каде што живеат илјадници етнички Грци, кој беше еден од најтешко погодените во руската инвазија. Русија вели дека спроведува „специјална воена операција“ во Украина.

Total
3
Shares
Поврзани објави