Изгаснат пожарот кај трафостаницата во Пинтија, снабдувањето со струја во Скопје се нормализира

Изгаснат е пожарот што доцна попладнето избувна на стрниште спроти трафостаницата во Пинтија при што голем дел од Скопје остана без струја.

Од МЕПСО велат дека напојувањето со електрична енергија било прекинато поради пожарот во близина на трафостаницата за да им се овозможи на противпожарните единици да интервенираат.

Претходно, од ЕВН изјавија дека експлозија на високонапонска мрежа на МЕПСО е причината што главниот град потона во мрак.

Засега нема објаснување што е причината за експлозијата од која се појавија и снимки на социјалните мрежи.

Речиси цело Скопје беше без електрична енергија од 17:15 до 18:00 часот.

Total
1
Shares
Поврзани објави