Инфективното во Битола празно, но психијатрија полна со пациенти со пост-ковид трауми

Речиси се испразни Инфективното одделение во битолската болница, каде има само двајца позитивни на КОВИД 19 кои се лекуваат во дневната амбуланта, се во стабилна состојба и нема потреба од хоспитализација.

Но,  сега се полнат останатите оддели во болницата со пост КОВИД пациенти, што се должи на последици предизвикани по прележаниот вирус. Најголем притисок има во Психијатриското одделение, каде покрај останатите  проблеми, пациентите се соочуваат и со акутна деменција.

-ИМАМЕ ОПТОВАРЕНОСОТ НА ДРУГИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА, ТУКА Е ИНТЕРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ, ПОТОА НЕВРОЛОШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ КАДЕ ИМА ПОСТ КОВИД ПОРЕМЕТУВАЊА, НО, ИСТО ТАКА ИМА ОПТОВАРЕНОСТ НА ПСИХИЈАТРИСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ, БИДЕЈЌИ ПО ОВАА ПАНДЕМИЈА ОЧЕКУВАНО Е ДА СЕ ПОЈАВАТ ФОБИЧНО-АНКСИОЗНИТЕ СОСТОЈБИ, ПАНИЧНИТЕ НАПАДИ И СЛИЧНА ПАТОЛОГИЈА, КОЈА СЕ ЈАВУВА КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ЦЕЛОКУПНАТА СОСТОЈБА, НО И ПОСТ КОВИД СОСТОЈБИ ОД АСПЕКТ НА ПСИХОТИЧНИ РАСТРОЈСТВА И АКУТНИ ДЕМЕНТНИ СОСТОЈБИ, ВЕЛИ ДР БИЛЈАНА ГАГАЧОВСКА, ДИРЕКТОР НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА БИТОЛА.

Директорката Гагачовска, која е инаку специјалист психијатар вели дека ова се очекувани последици од пандемијта.

извор: telma.com.mk

Total
15
Shares
Поврзани објави