Инфлацијата во Турција достигна 80 отсто

Растот на потрошувачките цени веќе ги примора властите и економистите оваа година неколку пати да ги сменат своите прогнози, бидејќи напорите да се стабилизира лирата пропаѓаат во време кога конфликтот на Русија и Украина ги зголемува сите цени, од храната до енергијата.

Денешните официјални податоци на заводот за статистика и министерството за финансии покажуваат дека годишната инфлација минатиот месец достигнала нешто повеќе од 80 отсто, со 78,6 отсто во јуни, според средната проценка во истражувањето на 22 аналитичари за Блумберг. Истанбул, најнаселениот град во Турција, забележа раст од цените за 99 отсто во јули во однос на една година претходно.

„Ако ваквата монетарна политика продолжи, ќе биде невозможно да е надмине инфлацијата“, кажа Огедаи Топчулар од РАМ Капитал СА во Женева.

Тој додаде дека монетарната политика на Турција е неодржлива.

Турција се наоѓа зад само неколку земји како Зимбабве, Венецуела и Либан, каде темпото на растот на цените е троцифрено.

Се покажа дека ослабувањето на инфлацијата е потешко да се постигне во Турција бидејќи централната банка се воздржа од зголемување на својата клучна стапка од 14 отсто под притисок на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Турскиот лидер верува, спротивно на повеќето светски економисти, дека поголемите стапки предизвикуваат побрза инфлација.

Овој пристап ги стави креаторите на монетарната политика надвор од синхронизација со најагресивното монетарно заострување од 1980-те и ги турна каматните стапки во Турција длабоко под нулата кога тие не се прилагодија на инфлацијата.

Ердоган планира да го одржи брзиот раст на економијата пред изборите закажани за јуни следната година, дури и додека растот на потрошувачките трошоци го нагризува расположливиот приход и ја загрозува неговата популарност.

Турските власти наместо тоа користат мерки како сузбивање на растот на комерцијалните заеми, како и политики насочени на проширување на употребата на локалната валута и насочување на капиталот кон долгорочни инвестиции.

Резултатите се покажуваат на пазарот на валути, при што лирата падна за повеќе од четврт од својата вредност во однос на доларот, што е најголема загуба во оваа година на пазарите во развој.

Total
21
Shares
Поврзани објави