Италијанските медиуми за победата на Македонија – “Катастрофа не одиме на мундијалот “

Македонската фудбалска селекција е во финалето за пласман на СП во Катар, откако вчера славеше над Италија, со погодокот на Александар Трајковски во 92-та минута од мечот.

Тимот на Роберто Манчини напаѓаше преку целиот натпревар, растеше тензијата кај Италијанците, а Трајковски приреди вистински шок за домаќините, а невидена радост за целата македонска нација.

Кога сите помислија дека натпреарот ќе влезе во продолжение, Александар Трајковски во петминутното надополнување распали по земја и го изненади Донарума за историска победа и пласман во финалето на плеј-офот.

Италијанците се во целосен шок, откако го освоија Европското првенство сега се во класичен нокаут. Италијансите медиуми со неверување на пренесуваат победата на Македонија.

„Катастрофа на Италија, Македонија ја победи во 92-ра минута: Повторно сме надвор од Мундијалот“, пишува влијателниот италијански спортски весник „Газета“.

„Неверојатно, уште една катастрофа: Италија повторно надвор од Мундијалот!“, пишува римсми Кориере дело спорт.

„Италијански кошмар: Манчини изгуби од Македонија и сме аут од Мундијалот“, пишува торински Тутоспорт.

Total
36
Shares
Поврзани објави