Минатата година, и покрај санкциите, Европската унија увезла 15,5 милиони тони течен природен гас од Русија, покажуваат податоците за движењето на бродовите анализирани од Блумберг.
Минатата година европските клиенти значително го зголемија купувањето на руски течен природен гас, особено од сибирската фабрика Џамал ЛНГ, која е во сопственост на Новатек.
Ситуацијата покажува колку е тешко на Европа да ги прекине врските со Русија, која во последната деценија се етаблира како клучен снабдувач на суровини на континентот, додава њујоршката агенција.