КАКО ДА ЈА ПРЕПОЗНААМ ОРГАНСКАТА ХРАНА?

Органските производи се обележуваат со посебна ознака, која гарантира дека ги задоволуваат стандардите за органско производство. Во Македонија овие производи се означуваат со сонце околу кое вирее фиданка, како што е прикажано на сликата лево. Кога ќе наидете на производ со оваа ознака бидете сигурни дека се работи за органски производ.

Европската унија има сопствена ознака за органски производи. Како што е прикажано на сликата – има облик на лист составен од ѕвезди кои се преземени од знамето на ЕУ.

Оваа ознака можете да ја сретнете и на производи кои се увезени на нашиот пазар.

Производството на органската храна е строго регулирано и контролирано.

За да се обезбеди почитување на законски утврдените правила за органското производство, овластени контролни и сертификациски тела најмалку еднаш годишно вршат стручна контрола над производителите, преработувачите и увозниците на органски производи. Ваквите контроли се под надзор на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку соодветни инспекциски органи кои вршат надзор на придржувањето на прописите за органско производство. Доколку се утврди отстапување од принципите на органско производство, се изрекуваат соодветни казнени мерки, а може да се одземе и правото на употреба на ознаката за органски производи.

(Текстовите во оваа рубрика се во соработка со првата online продавница за органски свеж зеленчук и овошје Beorg. Ќе читате што е тоа органска храна, како се произведува, како се одржува , како се чува во домашни услови и секако многу рецепти за подготовка на храна за бебиња , деца во раст и развој , како и за возрасни.)

Total
20
Shares

USJE