Катица Ќулавкова: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување

Со реакција за финалниот “француски предлог“, на Фејсбук реагира академик Катица Ќулавкова.

-Имало само една фуснота дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Па колку пати треба да повторат за да биде уверливо дека според Бугарија, а сега и според ЕУ, македонскиот јазик не е природојазичен систем, туку дијалект на друг јазик, бугарскиот јазик?

Од 2017 го пишуваат истото во сите официјални документи, но вие се правите дека не е напишано, не читате, не реплицирате, не осудувате, не се повикувате на наука, не се повикувате на меѓународни конвенции. Штама.

Тврдат дека цела македонска средновековна историја е бугарска, пак ги затворате очите, ушите и устата. Тврдат дека сме вештачка творба, вие пак се правите недугави.

Последиците ќе бидат огромни, спротивни на поимот цивилизација, придобивките никакви, вие го уверувате народот и светот дека предлогот е одличен, подобар не може да биде!

Има ли крај агонијава? Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување. Ред вето, ред лага, ред вето, ред лага и така до бескрај, етноцидна, културоцидна стратегија против македонскиот народ!“, пишува таа.

Total
17
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Паралелното мерење на PM10 честички во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите на воздухот измерени на други мерни станици

Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите…