Кај скопјанец пронајдени кокаин, марихуана и екстази

На 29.04.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје лишен е од слобода Г.М.(38) од Скопје.

По добиени информации дека тој набавува дрога во поголеми количини која ја препакува и ја продава, по добиена наредба од Основен суд Скопје, извршен е претрес во домот во кој живее и помошна просторија-гаража, при што се пронајдени и одземени 13 пакувања кокаин, 7 пакувања кристал мет, 1 пакување екстази и ќесички со марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана.

По документирање наслучајот против Г.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Од денес поскапа струја !

Од првиот момент во 2022 бројчаниците вртат посилно. Од ноќеска трошиме поскапа струја. Скопјани од утрово се греат…