Колумбиската полиција откри еден тон кокаин, бил наменет за балкански наркокартел

олумбијската Управа за борба против наркотици за време на рутинска проверка во пристаништето Буенавентура открила контејнер во кој се наоѓал еден тон кокаин. Tоварот бил наменет за балканскиот наркокартел, а крајната дестинација на бродот била Бугарија.

Кучиња трагачи на колумбиската полиција успеале да ја откријат психоактивната супстанција во пратка со крзно и кожа, пренесе колумбиското радио  caracol.com.co.

Полицајците детално ја прегледале товарената стока и пронашле пластични фолии со бела прашкаста материја за која по тестирањето било утврдено дека е кокаин. Пратката тежела еден тон.

Според прелиминарната истрага кокаинот бил наменет за европскиот картел „Балкан”. Тој потоа би се дистрибуирал во западните земји, како Италија, Франција и Германија. Цената која би се постигнала по неговата продажба, според проценките изнесува околу 75 милиони долари.

Total
2
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(Видео) Љубљана под вода

Силното невреме што ја зафати Словенија синоќа поплави над 500 згради само во Љубљана, пишува 24ur. Дежурните служби…
Повеќе

Курц под истрага за корупција

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска ги отфрли обвиненијата на обвинителството за економски криминал против него и неколку други…