Кралицата Елизабета дозволи Камила да стане „кралица сопруга“

Британската кралица Елизабета Втора, во саботата во текот на одбележувањето на 70-годишнината од востоличувањето, изјавила дека би сакала војвотката од Корнвол, Камила (Паркер Боулес) да ја добие титулата кралица сопруга кога принцот Чарлс ќе стане крал.

Елизабета Втора истакнала дека 70-годишнината ѝ овозможила да размислува за верноста и лојалноста коишто ѝ го дала британската јавноста.

„И кога, за тоа ќе биде времето, мојот син Чарлс ќе стане крал, знам дека нему и на неговата сопруга Камила ќе им ја пружите истата поддршка која ми ја дадовте мене. Мојата искрена желба е, кога ќе дојде времето за тоа, Камила да стане позната како ‘кралица сопруга’ која ќе ја продолжи својата лојална служба“, напиша кралицата Елизабета Втора.

Со овој потег кралицата Елизабета покажува пошироко прифаќање на статусот на Камила како дел од кралското семејство. Чарлс и Камила се венчаа во 2005 година на граѓанска церемонија.

По смртта на првата сопруга на Чарлс, принцезата Дијана, Камила како и претходно често ги полнеше страниците на британските таблоиди поради нивната долгогодишна и никогаш непрекината врска како и нејзиниот претходен брак. Но сегашната војвотка од Корнвол сега редовно го претставува кралското семејство покрај принцот Чарлс во текот на извршувањето на неговиот официјални должности.

Во британската историја на сопругата на кралот вообичаено ѝ била давана титулата „кралица сопруга“, која нема уставни овластување. Во периодот кога се венчаа, пак, беше решено Камила (родена како Камила Розмари Шанд) да ја користи тутулата „принцеза сопруга“, доколку Чарлс стане крал.

Total
5
Shares
Поврзани објави