Макрон организира средба Путин – Бајден за Украина

Aмериканскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се договориле за самит за Украина на предлог на францускиот претседател Емануел Макрон, како можен излез од кризата околу Украина, соопштено е рано утринава.

Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека на двајцата претседатели им предложил самит за „безбедност и стратешка стабилност во Европа“.

Белата куќа во соопштението наведе дека Бајден начелно ја прифатил средбата, но само доколку нема инвазија.

„Секогаш сме подготвени за дипломатија. Подготвени сме и да наметнеме брзи и тешки последици ако Русија наместо тоа избере војна“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Реакцијата на Кремљ до моментот на објавувањето на веста не е пристигната.

Договорот за самитот доаѓа по бројните телефонски разговори меѓу Макрон, Бајден, Путин и британскиот лидер Борис Џонсон. Деталите за самитот се уште не се познати, а канцеларијата на Макрон и Белата куќа соопштија дека неговата содржина ќе ја разработат американскиот државен секретар Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на претстојната средба закажана за 24 февруари.

Веста за самитот доаѓа по една недела на зголемени тензии поттикнати од акумулацијата на руски војници долж украинската граница. Руските сили се распоредени од крајот на минатата година, за што западните земји тврдат дека е вовед во инвазијата.

Total
1
Shares
Поврзани објави