Максим Димитриевски прогласи победа во Куманово, Стевчо Јакимовски во Карпош

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа. Актуелниот градоначалник Димитривески на својот фејсбук-профил објави видео од штабот во кој веќе се слави.

Стевчо Јакимовски од партијата ГРОМ прогласи победа во Карпош, против неговиот противкандидат Душко Весковски од редовите на СДСМ.

Тој на прес-конференцијата на која прогласи победа истакна дека и покрај целата црна кампања, која се водела против него, сепак успеал да издвојува победа.

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави