Масакр во основно училиште во Тексас: 18-годишно момче уби 19 деца и двајца возрасни

Ова е најголем масакр во основно училиште во САД по трагедијата во Сенди Хук во Конектикат во 2012 година, во која беа убиени 26 лица, од кои 20 деца на возраст меѓу шест и седум години

Најмалку 19 ученици и двајца возрасни се убиени во пукање во основното училиште Роб во Увалда, Тексас, на околу 130 километри од Сан Антонио.

Напаѓачот, идентификуван од властите како Салвадор Рамос, е мртов и се верува дека дејствувал сам. Гувернерот на Тексас Грег Абог изјави дека 18-годишниот Рамос посетувал средно училиште Увалда, објави Си-ен-ен.

Ова е најголем масакр во основно училиште во САД по трагедијата во Сенди Хук во Конектикат во 2012 година, во која беа убиени 26 лица, од кои 20 деца на возраст меѓу шест и седум години.

Според Си-ен-ен, се верува дека Рамос ја застрелал својата баба пред да замине во основно училиште, изјавија три полициски извори за Си-ен-ен. Таа е во критична состојба во болница, изјави претставникот на Канцеларијата за јавна безбедност во Тексас, Ерик Естрада.

Напаѓачот имал панцир, а со автомобилот направил сообраќајка пред да пристигне во училиштето, изјави Естрада. Полицијата се обидела да го спречи, но тој сепак успеал да влезе и почнал да пука.

Во престрелката е ранет најмалку еден член на граничната патрола.

Фотографија од две пушки АР15 беше објавена на профилот на Инстаграм поврзан со напаѓачот, само три дена пред пукањето.

Има само една објава за мобилна игра на неговиот профил на ТикТик, но под фотографијата на профилот има порака со содржина: „Децата треба да се плашат во реалниот живот“.

Total
1
Shares
Поврзани објави