Матичните лекари на протест

Матичните лекари денеска ќе примаат само пациенти на кои им е неопходна итна помош, a за останатите „мој термин“ нема да функционира. Тие се незадоволни поради неисполнетите барања околу малата капитација и финансиските шокови кои можат да доведат до затворање на амбулантите. Велат дека со оваа цена на капитацијата по пациент, не можат да издржат да ги покријат своите трошоци.

Претседателката на здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова – Дервишова за Канал 5 утринава посочи дека ако нема резултат на денешната средба со заменик министерот за здравство Владимир Рендевски, тие имаат и план „б“, но не откри што содржи тој план..

Total
1
Shares
Поврзани објави