Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина , возачот побегнал

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Според првичните сознанија на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес, детето заедно со мајката се наоѓале на крајот од пешачки премин за да се качат на тротоарот кога наишол автомобил со голема брзина и удрил во нив. Возачот воопшто не запрел туку продолжил да вози брзо и избегал.

„Од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето ’Васил Главинов‘ и од здобиените повреди починало“,соопшти ОЈО Велес.

Увид на местото на несреќата направил дежурен обвинител, подигнал траги од лице место, разговарал со очевидци и издал наредба да се направи обдукција на девојчето. По возачот се трага.

„По добиени сознанија за возилото и возачот – причинител на сообраќајната несреќа, СВР Велес по насоки на јавниот обвинител презема мерки за негово пронаоѓање“, соопштија од велешкото обвинителство.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(обвновено) Необјавени телефонски разговори : Амди Бајрам до Јанакиески:”како не идеме, па во куќи им влеговме”, Јанкулоска “aвионите да се вртат пред да слетаат”

Последните разговрори пуштени во судница за случајот Титаник се на Јанакиески со Амди Бајрам, човек од ТАВ аеродром…