МВР ги испрашува инволвираните за случајот кога наставник тепа ученик во скопско училиште

Во врска со случајот МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани, за случајот известен е и јавен обвинител, соопшти Министерството за внатрешни работи во врска со случајот во ОУ Панајот Гиновски во Бутел.

„Денеска околу 15.45 часот во Полициската станица Чаир, К.А.Р., директорка во основно училиште во скопската населба Бутел, поднесе писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа „Тик-Ток“, информира МВР.

Веќе беше објавено дека наставник кој предавал агнлиски јазик пред сите останати деца малтретира физички ученик.

На видеото кое од синоќа се споделува на социјалните мрежи се гледа како наставникот го крева ученикот со двете раце од земја и го спушта, додека другите гледаат.

Total
21
Shares

USJE
Поврзани објави