Мерцедесот на Груевски е пред времето: Дури сега германскиот автомобилски гигант произведе таков сличен

Толку голема фама за некој автомобил во Македонија не се кренало, колку за фамозниот Мерцедес купен од страна на поранешната владејачка гарнитура по нарачка на тогашниот премиер Никола Груевски. За овој ѕвер од возило паднаа и пресуди, но автомобилот си остана во возна состојба и претставува еден од најскапите во Југоисточна Европа. Се работи за блиндиран Мерцедес со сите можни погодности. 

„ Клима, масажери, чуда…Нема поубава кола во Македонија“, му го опишува возилото  екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на екс начаникот за разузнавање Сашо Мијалков, во една од „бомбите“ на Заев односно нивниот телефонскиот разговор.

Оваа луксузна лимузина била специјално нарачана и кога се работи за такво нешто специјано и цената е специјална- неговата вредност чинеше близу 600.000 евра или точно 572.780 евра. И сето ова во 2012 година…

Сега, по скоро една деценија, гигантот Мерцедес произведе скоро идентично такво возило…

Германскиот бренд тивко го претстави новиот S680 Guard пред извесно време, кој првенствено е наменет за државни лидери и деловни водачи кои сакаат да патуваат опкружени со дискреција и декаденција, безбедни од истрели и експлозии.

Врз основа на новата серија С-класа, оваа непробојна тврдина на четири тркала тежи речиси пет тони и доаѓа со сертификат VPAM VR10. Ова е највисоко ниво на балистичка заштита достапна за патнички автомобили, што значи дека може да издржи рафали од автоматска пушка или детонација на две рачни гранати.

Оклопниот Мерцедес е надграден со ново заштитно тело и издржливи, повеќеслојни прозорци од поликарбонатно стакло, со дебелина од речиси четири инчи. Покрај тоа, моделот користи специјални гуми Michelin PAX кои можат да се движат околу 30 километри и повеќе кога се издупчени. Исто така, моделот е опремен со вграден систем за гаснење пожар и систем за пумпање свеж воздух во случај на пожар, чад или гас.

„Ниту еден друг автомобил за масовно производство не ги исполнува сите највисоки барања за заштита кај цивилните возила толку сеопфатно“, рече Дирк Фечер, менаџер за производство на S-Clas. „Во исто време, квалитетот и издржливоста се стандард, благодарение на обемните активности за развој и тестирање. Новата специјална верзија на заштита го штити она што е најважно “.

Кога е во прашање моќта, оклопниот модел се карактеризира со дво-турбо 6.0-литарски V12 мотор, кој е способен да произведе 604 коњски сили, како Maybach S680. Вртежниот момент, од друга страна, се намали од 900 Nm на 829. Поради тежината и обемноста на овој модел, максималната брзина е 190 километри на час. Деветстепениот автоматски менувач, управувачот и суспензијата се подесени за да се приспособат на дополнителната тежина, што му дава на темниот ѕвер доволно брзина за да избега од секоја непријатна ситуација.

Марката тврди дека внатрешноста на овој автомобил е луксузна како и обичната серија од S-Class, иако Guard нема очигледен панорамски покрив од очигледни причини. Можете да очекувате седишта со дијамантски шевови, најнов инфо -забавен систем и многу простор за нозете.

Достапен на европските пазари, S680 Guard ќе ве чини околу 547.000 евра, и е речиси шест пати поскап од обичната серија S-Class. Впрочем, никој никогаш не рекол дека ова ниво на безбедност може да биде ефтино.

извор: maskimagazin.faktor.mk

Total
1
Shares
Поврзани објави