Мијалков слободно може да се шета во Монако, велат од Кривичен, целосно е ослободен

Снимката со поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, на која е со луксузно црвено ферари пред луксузен екстра скап ресторан во Монте Карло, Монако, предизвика лавина од реакции во јавноста и го отвори прашањето дали тој може да ја напушти земјата, имајќи го во предвид фактот дека условно излезе од затвор, во кој заврши за случајот „Империја“.

Од Основен кривичен суд Скопје за Слободен печат велат дека Мијалков е целосно ослободен и може да се шета во Монако.

Тој на 23. мај лани излезе од затворот во Струга со условен отпуст, одобрен со решение на Апелациониот суд Скопје, кој првично траел до 25. април 2025 година.

Мијалков се жалел на ова решение, па Апелациониот суд ја усвоил жалбата со што решението го преиначил и Условниот отпуст почнал да важи од 23. мај 2024 година, кога излезе и од затвор.

Total
0
Shares
Related Posts