Млеко со канцерогени соединенија се повлекува од пазарот

Агенцијата за храна и ветеринарство го повлекува од продажба производот трајно млеко од производителот „Милкано“ со 3,2 проценти масленост.

Во неговиот состав откриени се откриени канцерогени и високотоксични соединенија. Од АХВ соопштуваат дека станува збор за Афлотоксин М1 соединение кое може да предизвика жолтица и тешки оштетувања на црниот дроб.

Проблемот со ова соединение е што е отпорно и на процесот на пастеризација или домашна термичка обработка.

Од пазарот се повлекуваат сериите со датум на производство: 05.10.2022 и рок на употреба: 04.03.2023, со – сериски број LOT FD04. Млекото е произведено во млекарата МИ99 во Градачац, Босна и Херцеговина.

Сите останати производи на млекарата (млеко со пониска или повисока маселност и други млечни производи) не се опфатени со повлекувањето бидејќи според АХВ се исправни.

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено производот со посочениот сериски број, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, велат од агенцијата за храна.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Италија одобри ставање на рафинеријата на Сицилија во сопственост на руски Лукоил во рацете на повереници, во обид да избегне затворање поради претстојното ембарго на руската нафта преку море

Италијанската влада во четвртокот одобри ставање на рафинеријата на Сицилија во сопственост на руски Лукоил во рацете на…