„Моќна грчка армија“ го призна хакерскиот напад врз домашните банки

Retinal biometrics technology with man’s eye digital remix

МВР работи на обезбедување повеќе податоци за хакерскиот напад врз домашните банки од страна на хакерската група „Моќна грчка армија“.

– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР е во комуникација со надлежните институции со цел обезбедување на повеќе информации и податоци за ддос нападите на веб страни на банки во нашата држава, изјавија од МВР за НОВА ТВ.

Од Народната банка утрово соопштија дека „како резултат на ДДоС напад  вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка (НБ) и домашните банки“.

– Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање, тврдат од НБ. 

Хакерската група „Моќна грчка армија” на Твитер обелодени дека нападнала неколку банки во земјава, меѓу кои Централната кооперативна банка, ТТК Банка, УНИ банка, Прокредит банка, НБМ, Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други.

Од ТТК банка соопштија дека е успешно спречен хакерски напад врз нејзината интернет-страница и по кој нема последици, а дека случајот го пријавиле во полиција.

На почетокот на февруари „Моќна грчка армија“ на Твитер објави дека го  пробиле компјутерскиот систем на Министерството за образование и наука, а веста ја негираа од МОН.

Хакерите тогаш изјавија и дека нивни цели биле и неколку други министерства и институции во земјава .

Total
1
Shares
Поврзани објави