Најголем раст на новозаболени од Ковид-19 кај младите од 20 до 29 години – почина 16 годишно девојче

Откако неколку дена се бележеше тенденција на опаѓање, вчера беше забележан повторно раст на заболени од Ковид-19. Беа регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања, при што повторно најмногу новозаболени има во Скопје. Минатата недела најголем раст на новозаболени имало кај населението од 20 до 29 години.

Од Министерството за здравство соопштија дека по Скопје, најмногу новозаболени има во Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8. Регистрирани се 415 оздравени пациенти, а десет лица починаа.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ, во моментов се хоспитализирани 476 лица, а од нив 248 се на кислородна поддршка и 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

16-годишното девојче од тетовското село Сиричино кое во тешка здравствена состојба поради Ковид -19 било хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести ја изгубило битката со вирусот.

За случајот со девојчето пред три дена информираше и директорката на Инфективна, Милена Стевановиќ која рече дека таа била хоспитализирана со многу тешка клиничка слика и нејзината состојба била критична.

Починатата немала претходни хронични заболувања.

Total
6
Shares

USJE
Поврзани објави