Најдобрата тенисерка во светот, Ига Швјонтек, доживеа сензационална елиминација во второто коло на мастерсот во Торонто

Покрај Швјонтек, турнирот во оваа рунда го завршија четвртата и осмата во светот, како и поранешната шампионка на Ју-ес опен.

Малку познатата Бразилката Беатрис Хадад Маја ја победи најдобрата светска тенисерка, Полјачката Ига Швионтек со 2:1 по сетови 6:4, 3:6, 7:5. Најголемата победа во кариерата Хадад Маја ја оствари за два часа и една минута.

Во наредното коло таа ќе игра против Белинда Бенчиќ која беше подобра од осмата во светот Гарбиње Мугуруза. Бенчиќ ја декласира Шпанката со 2:0, по сетови 6:1, 6:3.

Турнирот заврши и за Марија Сакари, четвртата на ВТА листата. Тенисерката од Грција доживеа елиминација од поранешната број 1, Каролина Плишкова. Искусната Плишкова победи со резултат 6:1, 6:7 (9), 6:3 по два и пол часа тенис.

Нејзина следна противничка ќе биде ќе биде Чинвен Женг, која со ја совлада поранешната шампионка на Ју-ес опен, Канаѓанката Бјанка Андреску со резултат 7:5, 5:7, 6:2.

Total
1
Shares
Поврзани објави