НА 41 ГОДИНА Почина славниот актер, ѕвездата на серијата „Коски“ (ФОТО)

Популарниот актер Хит Фримен, познат во светот по улогата на серискиот убиец Хауард Епс во првите две сезони од серијата „Коски“, во саботата починал на 41-годишна возраст.

Причината за смртта на актерот сѐ уште не е соопштена, но неговиот менаџер Џо С. Монтифјоре ја потврдил веста. Странските медиуми пишуваат дека Фримен починал во сон, во својот дом во Остин, Тексас.

Некои од позначајните актерски проекти на Фримен ги вклучуваат сериите „Ургентен центар“, „Без трага“ и „НЦИС“. Фримен се појави и во филмовите „Tru Calling“, „Medical Investigation“ и во филмот „Nancy Drew“… Сепак, тој е најпознат по улогата во серијата „Коски“ во која две сезони го глумеше Хауард Епс.

Актерката Ешли Бенсон беше меѓу првите која се прости од актерот, објавувајќи фотографија со Фримен на Инстаграм и напиша: „Ќе те сакам засекогаш. РИП. Моите мисли се со семејството и пријателите на Хит Фримен“.

Total
6
Shares

USJE
Поврзани објави