Нетфликс и ТикТок прекинаа со работа во Русија

Нетфликс и ТикТок ги прекинаа повеќето од нивните услуги во Русија поради руското известување за војната во Украина. Суспензиите од двете платформи следуваат по одлуката на американската компанија за безготовинско плаќање American Express да ги прекине своите операции во земјата.

Тикток блокираше нови видео објави и пренос во живо, додека Нетфликс соопшти дека ја суспендира својата услуга, без да даде дополнителни детали. Нетфликс со седиште во САД веќе го стопираше производството на оригинални програми во Русија. Тикток наведе дека неговата акција била насочена да ги задржи своите вработени и корисници безбедни и да се усогласат со новите прописи за „лажни вести“ во земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин на 5 март го потпиша законот, кој предвидува казни до 15 години затвор за луѓето кои нема да ја поддржат линијата на Кремљ за руската војна во Украина.

Одлуката на American Express доаѓа по одлуките на Visa, Mastercard и PayPal да ги прекинат нивните операции во Русија. Се соопштува дека одлуката е „во светло на тековниот, неоправдан напад на Русија врз народот на Украина“. Исто така, компанијата ги прекинува сите деловни операции во Белорусија. Глобално издадените American Express картички повеќе не работат кај трговците во Русија или банкоматите.

Total
0
Shares
Related Posts