Не може стручен соработник да оценува врховен судија, порачува Тупанчески

Не може стручен соработник да оценува работа на врховен судија, смета Министерот за правда, Никола Тупанчески кој најави законски измени бидејќи се злоупотребува дефиницијата за истакнат правник.

Оваа негова реакција која ја кажа на брифинг со новинарите следува откако за претседателка на Судскиот совет беше избрана Весна Дамева којашто никогаш не била судија и последно била стручен соработник во Основниот кривичен суд.

Сепак тој неколку пати се огради и кажа дека не се однесува на сегашната претседателка, туку дека терминот истакнат првник воопшто се злоупотребува. Тупанчески смета дека член на Судски совет треба да биде некој што е судија најмалку/најниско во Апелација.

Претходно, пред Дамева, Судскиот совет го водеше Павлина Црвенковска која пак била стручен соработник во Апелациониот суд и исто како и нејзината наследничка не била судија.

За Тупанчески членовите на Судскиот совет од кои потоа се бира претседател не е во ред да се бираат во Собранието, каде ги гласаат политичките партии.

Судскиот совет е највисоко тело кое ја оценува работата на судиите, ги избира и ги разрешува.

извор: Фокус.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Рекет се суди незаконски?

Бранителот на првообвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски рече дека моменгалниот состав на судечкиот совет во “Рекет” е незаконски.…