Никој ни потврдува ниту одрекува дали Украина извршила напад на руска територија

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изјави дека не може да ја потврди или негира наводната вмешаност на Украина во нападот на складиштето за гориво во рускиот град Белгород, бидејќи не знаел за сите воени информации, пренесува „Ројтерс“.

„Не можам ниту да го потврдам, ниту да го отфрлам тврдењето дека Украина учествувала во ова, само затоа што ги немам сите воени информации“, посочи тој.

Според руската новинска агенција РИА, во нападот биле запалени осум резервоари со гориво. Според последните информации нема повредени.

Очевидец, цитиран од „Ројтерс“, посочил дека во Белгород напладне по средноевропско време се слушнале нови експлозии.

Тој напад, прв од ваков вид, ако се потврди дека навистина го извршила украинската воена авијација, се случува во време кога Русија повторува дека целосно владее со воздушниот простор над Украина.

Кремљ исто така се огласи за нападот, велејќи дека истиот го извршиле украински хеликоптери на складиште за гориво на руска територија, а тоа ќе го отежне преговарањето за прекин на огнот.

„Што се однесува до инцидентот во Белгород, мислење за тоа ќе дадат нашите вооружени сили“, изјави портпаролот на Кремљ Песков, додавајќи дека за нападот бил информиран и рускиот претседател Владимир Путин.

Белгород се наоѓа на околу 80 километри северно од Харков, вториот по големина град во Украина кој се спротивставува на руските напади од почетокот на инвазијата на 24. февруари.

Total
34
Shares
Поврзани објави