Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, додека бензините поскапуваат за еден до 1,5 денар по литар.

Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 87,5 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 90 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 76 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,5 денари и ќе се продава по 76 денари за литар. Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,252 денари за килограм се зголемува цената на мазутот и истиот ќе се продава за 44,554 денари.

Total
0
Shares
Related Posts