Обвинителката Стефанова побара условни за Јанкулоска и Протуѓер и ублажување на казната за Јанакиески во „Титаник“

За повеќето од овие обвинети судскиот процес пред првостепениот суд ќе заврши со изрекување пресуда на наредното рочиште откако денеска и тие ќе дадат завршни зборови

Откако осум од обвинетите во обемниот судски процес „Титаник“ признаа вина, обвинителката Лиле Стефанова побара условни казни за шестмина од обвинетите меѓу кои Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер и Билјана Бришковска-Бошковски, а ублажување на предвидените казни за Миле Јанакиески и Коста Митровски.

„Како јавен обвинител исклучително го ценам чинот кои овие лица го преземаа и дадоа признание за кривичните дека кои им се ставаат на товар. Признанието само по себе е една голема олеснителна околност и сметам дека судот кога ќе ја утврдува казната да го цени признанието како олеснителна околност. Секој од присутните обвините имаат и свои и олеснителни и отежнителни околности кои судот треба да ги цени кога ќе ја носи пресудата“, рече Лиле Стефанова.

Total
5
Shares
Поврзани објави