Обвинителство потврдува: Серија претреси низ Скопје поврзани со екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.

Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија.

Инаку, Пеце Мирчески на оваа функција беше седум години, од јуни 2017 до јуни 2024 година.

Мирчески беше и претседавач на Централен одбор на СДСМ.

Дел од медумите претходно објавија дека Мирчевски е упасен, но нема официјална потврда за оваа информација.

Од Финансиска полиција најавија повеќе детали за случајот подоцна.

Total
0
Shares
Related Posts