Од денеска без ДДВ маслото , шеќерот и други прехрамбени производи

Од денеска стапи во сила мерката за намалување на ДДВ-то за основните прехранбени продукти од пет на нула проценти, која е дел од пакетот мерки што Владата ги донесе со цел зачувување на животниот стандард на граѓаните во услови на криза.

Со оваа мерка, лебот, брашното тип-400, млекото со масленост од 2,8, од 3,2 и од 3,5 проценти масленост, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и други кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата, ќе се продаваат без ДДВ, а маркетите треба да издаваат фискални сметки за овие производи со ДДВ од 0 проценти.

Од Владата очекуваат дека со оваа мерка ќе се изврши надолен притисок врз малопродажните цени на овие производи со што ќе се делува и на намалувањето на вредноста на потрошувачката кошница.

– За позначаен ефект, оваа мерка се спроведува паралелно со мерката за замрзнување на маржите кај овие производи. Покрај оваа мерка, во пакетот 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите е вклучена и мерката за продолжувањето на примената на повластената стапка од 5 проценти на ДДВ кај електричната енергија кон домаќинствата до крајот на 2022 година, како и мерките за намалени акцизи и ДДВ за горивата со кои во моментов Република Северна Македонија има најниски цени на горивата во регионот, се наведува во соопштението од Владата.

Total
3
Shares
Поврзани објави