Од денес поскапа струја !

Од првиот момент во 2022 бројчаниците вртат посилно. Од ноќеска трошиме поскапа струја. Скопјани од утрово се греат и на поскапо парно. Заради наголемата глобална енергетска криза досега, струјата поскапе за 9,48%, а парното за 14.05%. Освен што трошиме поскапа енергија, денеска и ручекот се готвеше на скапа струја. Дневната евтина тарифа која важеше од 14 до 16 часот веќе ја нема. Според регулаторна, по сите анализи и консултации со екперти ова решение било неминовно и оправдано.

Ако не беа и другите кратења што ги направија регулаторите, струјата ќе поскапеше за 25%. Но, такво драстично поскапување, според Бислимовски, ќе донесеше нови проблеми. Граѓаните немаше да можат да си ги платат сметките.

Состојбата со парното е поалармантна. Тоа требаше да поскапи за околу 200% затоа што цената на природниот гас за јануари е за шест пати повисока од просечната цена за 2021 година. Билсимовски вели такво драстично поскапување ќе ги натера граѓаните да се откажат од греење и да се префрлат на струја, што ќе отвори нов проблем. Затоа тој вели дека трошокот од 9 милиони евра кој нема да се покрие со поскапувањето да го поделат Владата, градот Скопје и општините во главниот град.

Инфлацијата ќе расте, според очекувањата до средината на годинава. Засега стабилни се само цените на основните прехранбени производи кои Владата ги врати на нивото од 01.12 и ги замрзна до крај на јануари. Власта вети, ако треба, мерката ќе биде продолжена.

Total
1
Shares
Поврзани објави