Од понеделник штрајк на матичните лекари !

Приватните лекари од утре (понеделник 5 септември) три дена нема да работат со пациенти и нема да издаваат рецепти, но ќе бидат на нивните работни места и ќе примат само итни случаи, на штрајкот со кој бараат покачена капитација. Лекарите бараат промена на законската одредба пациентите да бидат врзани со приватните здравствени установи, режимот на препишување на лекови.

Претседателката на Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) д-р Лили Чолакова-Дервишова вели дека за приватните лекари во примарното и секундарното здравство од 2018 не е покачена капитацијата која е 63 денари, а во јавното здравство платите неколку пати се покачиле. Нема покачувања ниту во буџетот кај лаборатории, специјалисти, рурални доктори. Таа вели дека од последниот протест на 7 април, иако понудиле решение за проблемите, нема активност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Министерот за здравство Беким Сали не го поддржува штрајкот и смета дека не може преку пациенти да се бојкотира работа, а одбива и промени да се прават во краток рок или под притисок.

Лекарите предупредуваат дека секојдневно се затвораат ординации и дека постои опасност цели региони да останат без амбуланти.

Total
46
Shares
Поврзани објави