Од утре дожд и снег

Happy father and son snowmen on snowy background

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови од земјата. Кон крајот на денот во североисточните со зголемената облачност ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 11 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Под влијание на влажен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева си даде оставка – Мицкоски, Милошоски, замената во судскиот систем со „нивни“ луѓе, наместо подобрување

Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева си даде неотповиклива оставка. Дамева, својата оставка ја објави на прес конференција…