ОН признаваат: Ги оставивме Сиријците на цедило

По повеќегодишна војна, жителите на регионите во северозападна Сирија погодени од катастрофалниот земјотрес се соочуваат со нова и влошена реалност. Една недела по разорниот потрес со јачина од 7.8 степени ги погоди Сирија и Турција, Обединетите нации го признаа неуспехот на меѓународната заедница да им помогне на Сиријците- жртви на земјотресот. 

Во Атареб, град под контрола на сириските бунтовници, преживеаните копаат низ урнатините на нивните домови, собирајќи остатоци од нивните уништени животи и барајќи начин да застанат на нозе по последната од серијата хуманитарни катастрофи кои го погодија овој завојуван регион. Сиријците го прават она на што се навикнаа низ годините на кризи и војна: се потпираат сами на себе за да се извлечат.

„Се обидуваме да се повратиме“, вели Хекмат Хамуд, кој веќе двапати бил раселен за време на граѓанската војна во Сирија, за на крајот да се најде под урнатините на земјотресот. Над 4 милиони луѓе раселени од војната живеат во северозападните региони на Сирија. Голем дел од настраданите во земјотресот веќе беа бегалци од војната и живееја во шатори или во згради со ослабена конструкција поради масовните бомбардирања на владините трупи.

За време на посетата на турско-сириската граница во неделата, помошникот генерален секретар на ОН, Мартин Грифитс призна дека Сиријците биле препуштени „да очекуваат меѓународна помош која не пристигна“.

„Ги оставивме на цедило луѓето во северозападна Сирија. Со право се чувствуваат напуштени. Мојата задача и нашата обврска е да ги поправиме грешките што е можно побрзо“. Северозападна Сирија речиси целосно е зависна од помош за преживување, но помошта за земјотресот пристигнува многу бавно или воопшто. Првиот конвој на ОН пристигна од Турција во регионот во четвртокот- три дена по земјотресот. 

Дотогаш, единственото нешто што минуваше низ преминот Баб Ал-Хава на турско-сириската граница, беа телата на жртвите на земјотресот префрлувани во нивната татковина за погреб- претежно сириски бегалци од војната кои се населија во Турција но настрадаа во земјотресот. 

Помошта од ОН може да влезе од Турција во Сирија само преку граничниот премиер Баб Ал-Хава, а транспортот е дополнително искомплициран поради уништените патишта. Технички, помошта може да се доставува и од владините региони во Сирија, но таа рута е блокирана поради политички и бирократски пречки. 

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Маж почина на Кеј

Утрово човек починал додека трчал на кеј, блиску хотелот „Александар Палас.“ На местото се пристигнати брза помош и…