Опожарeн културниот центар “Ванчо Михајлов“ во Битола

Непознати сторители рано утрово го опожарија  културниот центар “Ванчо Михајлов“  кој се наоѓа на улицата Рузвелтова во Битола.

Опожарена е влезната врата и натписот на кој пишуваше клуб Ванчо Михајлов. Во моментот полицијата   врши увид, а полициски службеници го обезбедуваат местото.

Kлубот е отворен во април оваа година во присуство на целиот државен врв на Бугарија.

фото: alpa.mk

Total
6
Shares
Поврзани објави