Османи за односите со Бугарија: Има документ којшто ние сме спремни да го прифатиме

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потврди дека постои документ кој Македонија е подготвена да го прифати. 

„Да, има еден таков документ којшто ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно“, вели Османи. 

Во сабота бугарскиот  премиер Кирил Петков  заедно со потрпетседателката  на Бугарија Илијана Јотова, доаѓа во Битола, но не знае  дали ќе има средба со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Total
1
Shares
Поврзани објави