Османи: Има луѓе во ВМРО-ДПМНЕ кои аргументираат дека не смееме да ја пропуштиме шансата за уставни измени

Во ВМРО-ДПМНЕ има едно крило, една идеологија од пратеници, претседатели на извршни комитети, обични граѓани кои се за уставните измени и со нив ќе преговараме, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи денеска имаше прес-конференција за преземањето на претседавањето со Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) од Македонија, и на новинарски прашање одговараше до каде е процесот со уставните измени и вметнувањето на Бугарите во Уставот на Македонија.

„Убеден сум и веќе гледам сигнали во ВМРО-ДПМНЕ за една идеолошка поделба во однос на она што го зборувам, има луѓе во ВМРО-ДПМНЕ според моите информации кои упорно аргументираат дека не смееме да ја пропуштиме шансата сега во Уставот да се направи таа јасна дистинкција дека Бугарите се овде малцинство. Комплетна идеолошка линија во ВМРО-ДПМНЕ кои ги сфаќаат последиците од изолирање на земјата и влегување во втората патека. Сега се создаваат две патеки – брзата патека и земјите со отворени прашања. Од нас зависи во која патека ќе влеземе ние. Се исцрпуваат веќе сите можности да се убеди ВМРО-ДПМНЕ, не велам дека се исцрпени, но затоа паралелно ќе работиме со оваа идеолошка линија која што ја сака оваа држава, ја сака нејзината иднина и ја гледа како европска, просперитетна“, рече министерот.

Османи кажа дека ако со одлука на ВМРО-ДПМНЕ влеземе во втората патека, тогаш ќе треба да се решаваат сите прашања, вклучувајќи ја и историската комисија, и билатералните прашања, па тогаш членство во ЕУ.

„Мислам дека има комуникации, апсолутно не во форма на притисок, туку да се образложат овие аргументи, па на нив ќе остане на крај, на која патека. Во Собрание ќе влезат откако ќе се исцрпат сите можности ова да бде консезуално. Уште има надеж дека таму има разум кои ги сфаќаат овие ситуации, го сфаќаат моментот и дека нема да играат на картата на бугарските радикали“, рече министерот.

За ситуацијата со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко по ставањето на црната листа на САД на неговото и на имињата на жена му и децата, Османи, кој е и портпарол на ДУИ, повтори дека бараат сепофатна анализа и дека се замрзнати сите позиции на Мерко во владејачката Демократса унија за интеграции.

„Градоначалниците се избрани на директни избори. Не се неговите гласачи само од ДУИ, и Македонци, и Албанци, и од другите политички партии. Тоа е однос на градоначалникот и граѓаните и сами треба да го решат. Мислам дека Мерко треба сам да донесе одлука за неговиот однос со граѓаните кои го избрале. Да сум јас гласач во Струга или да беше градоначалник на Чаир, ќе кажев мое мислење. Не сум го гласал нити живеам во Струга“, рече Османи.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Гори Универзална сала

Густ црн  чад во моментов се издигнува од Универзалната сала во Скопје. На теренот се бројни противпожарни екипи…