Папа Франциск: Вакцинацијата е чин на љубов

Папата Франциск денеска изјави дека вакцинацијата против Ковид-19 е „чин на љубов“ и ги повика верниците да се имунизираат.

– Вакцините даваат надеж дека ќе заврши пандемијата, но само ако вакцините се достапни за сите и ако работиме заедно, посочи папата Франциск.

Поглаварот на Римокатоличката црква преку видео порака ја поддржа кампањата за вакцинација во САД и во други амерички држави.

– Да се биде вакциниран… е чин на љубов и придонес во тоа мнозинството луѓе да бидат вакцинирани е чин на љубов. Љубов кон себе, љубов кон семејството и пријателите, љубов кон сите, потенцира папата Франциск.

МИА

Total
1
Shares
Поврзани објави