Пациентка од невнимание предизвика пожар во ковид-одделот во болницата во бугарскиот град Русе

Пациентката била приклучена на двоен извор на кислород, кога ја симнала маската и со запалка почнала да бара предмет што и паднал вечерта под нејзиниот кревет. Со тоа ја запалила маската и предизвикала пожар

По ова раководството на болницата во Русе размислува да издаде наредба според која на пациентите не треба да им биде дозволено да носат запаливи уреди при влегување во медицинска установа

Пациентка предизвика пожар во Одделот за ковид во болницата во Русе, јавија бугарските медиуми.

Со брза и соодветна реакција на дежурниот тим, пожарот во Одделот за ковид во болницата Русе е изгаснат. Притоа помогнала и самата пациентка, која веднаш го активирала алармниот систем во болницата.

Опожарени се неколку кревети, sидовите и апаратите со кислород во болничката соба. Четворицата пациенти кои биле во собара не биле загрозени и веднаш биле префрлени во други простории.

Total
4
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(Видео) Љубљана под вода

Силното невреме што ја зафати Словенија синоќа поплави над 500 згради само во Љубљана, пишува 24ur. Дежурните служби…