Пендаровски денеска ќе се обрати во Собранието, а Заев треба да поднесе оставка

Претседателот на државата денеска ќе го има третото годишно обраќање во Собранието, кое традиционално се случува пред Нова година. Обраќањето пред пратениците е закажано за 12 часот.

Се очекува шефот на државата да зборува за актуелните случувања и за очекувањата наредната година.

Обраќањето е во период кога се очекува формирање нова Влада. Актуелната на чело со премиерот Зоран Заев се очекува од денеска да биде во оставка. По оставката на Заев, Пендаровски треба да го даде мандатот на друг мандатар за состав на Владата.

Заев оставката ја најави и самиот во последниот јавен настап вчера во обраќањето на состанокот во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана, каде што го промовира новиот лидер на СДСМ и актуелен заменик-министер за финансии Димитар Ковачевски како свој наследник.

foto 360 stepeni

Total
17
Shares
Поврзани објави