Подготовки за утрешната прослава на Денот на независноста – посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

Затворени за сообраќај ќе бидат: ул. „11 Октомври“ и ул. „Димитрие Чупоски” во правец на движење од ул. „Васил Главинов” до ул. „Филип Втори Македонски”, а од 15 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци, соопшти Министерството за внатрешни работи

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста денеска, почнувајќи од 11 часот, во централното градско подрачје ќе има изменет сообраќаен режим.

Затворени за сообраќај ќе бидат: ул. „11 Октомври” и ул. „Димитрие Чупоски” во правец на движење од ул.„Васил Главинов” до ул. „Филип Втори Македонски”, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека од 23 часот вечерва до 11 часот утре дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул. „Даме Груев” на потегот  од крстосницата со ул. „Македонија” до крстосницата со ул. „11 Октомври” и ул. „Филип Втори” на потег од „Кеј13 Ноември” до ул. „11 Октомври” и ул. „11 Октомври” на потегот од бул. „Кочо Рацин” до ул. „Даме Груев”.

За време на викендот се одржаа проби, на кои беа претставени армиските и полициските капацитети.

Total
1
Shares
Поврзани објави