Полициски час и забрана за музика во Солун, Халкидики и Лариса

Грција ќе воведе ноќен полициски час и ќе забрани музика во барови, кафулиња и ресторани во Солун, нејзиниот втор по големина град, по зголемувањето на бројот на новозаразени со Ковид-19, објави денеска грчката влада.

Бројот на нови инфекции од коронавирусот се стабилизира низ целата земја, но зголемен број случаи се забележани на северот на Грција, објавија светските агенции.

Министерството за цивилна заштита објави дека Солун, неговиот поширок регион и соседниот регион Халкидики, заедно со централниот град Лариса, ќе бидат префрлени на листата на ограничувања од четврти ред за една недела односно од 1 октомври.

Грција минатата година помина подобро од многу други земји во првата фаза на пандемијата, но оваа година забележа зголемување на бројот на заболени во последните недели.

Околу 58 проценти од Грците се целосно вакцинирани, а владата се надева дека тој број ќе се зголеми на 70 проценти.

Total
1
Shares
Поврзани објави