Полицијата приведе тројца напаѓачи на градоначалникот на Арачиново

Од МВР испратиле известување и до јавен обвинител од ОЈО Скопје и најавуваат кривична пријава за насилство против тројцата приведени

Полицијата привела три лица за нападот на градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, кој денеска утрото беше нападнат од неколку лица во неговата канцеларија.

„Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од  Р.И. дека бил физички нападнат од нив во неговата канцеларија во општина Арачиново“, соопштија вечерва од МВР.

Од полицијата известиле и обвинител од ОЈО Скопје и најавуваат дека во координација со него против тројцата напаѓачи ќе поднесат кривична пријава за насилство.

Total
4
Shares
Поврзани објави