Поради закана за бомба евакуирани пациенти од болница во БиХ

Закана за бомба денеска ги принуди вработените во Клиничкиот центар во Бања Лука да ги евакуираат пациентите кои се лекуваат таму, додека полициските истражители се обидуваат да откријат кој стои зад сличните заканувачки пораки кои еден ден претходно стигнаа до стотици училишта и полициски станици во БиХ.

Клиничкиот центар Бања Лука, една од најголемите здравствени установи во БиХ, заканата за бомба ја добил во раните утрински часови по електронска пошта, а веднаш потоа пациентите и вработените биле преместени од сите соби на улица, чекајќи во кревет или на нозе. Од раководството на Клиничкиот центар изјавиле дека заканата ја сфатиле крајно сериозно и веднаш повикале полиција.

„Го осудуваме фактот што здравствените установи, медицинските работници и најранливата категорија граѓани станаа цел на вакви дела кои предизвикуваат чувство на несигурност и страв“, се вели во соопштението.

Заканите за бомби кои доаѓаат од електронски адреси во странство станаа вистинско зло во БиХ, а само во средата повеќе од 400 основни и средни училишта, главно во Република Српска, мораа да бидат евакуирани поради ваквите лажни извештаи.

Подоцна во текот на денот, слични закани стигнаа до електронските адреси на неколку полициски станици во Сараево, па нивните вработени мораа да чекаат со часови на улиците за да ги антидиверзантските претреси. Засега нема индиции кој стои зад ваквите закани, но од обвинителството и полицијата ги сметаат за крајно сериозни и речиси сите случаи ги истражуваат како терористички дела.

Total
15
Shares
Поврзани објави