Поради недостиг на CO2 загрозено производството на пиво

Војната во Украина предизвика различни нарушувања на пазарот, а едно од нив се однесува на недостигот на јаглерод диоксид, што моќе да се одрази на производството на пиво и минерална вода.

Поради недостиг на CO2 дури и познатиот производител „Санпелегрино“ во северна Италија неодамна го сопре производството на минерална вода и сода на два дена.

Во Германија пиварите предупредија дека пивото може да поскапи поради недостиг на амонијак за прозводство на јаглерод диоксид. А јаглеродната киселина, исто така, ја нема ни во Австрија, потврди струковното здружение на прехранбената индустрија при Стопанската комора.

„Поради скромните количини трошоците на јаглерод диоксид во последно време многу пораснаа“, велат од австриската Стопанска комора. Главните причини се „пред сѐ високите цени на енергентите, со кои некои производители на јаглерод диоксид веќе не можат да се носат, па го намалија или го сопреа производството“. Ограничени се и производите во кои како нуспроизвод се ствара јаглеродна килесина.

Сега постои недостиг на достапни количини јаглероден диоксид на пазарот, кој се корисити, на пример, за производство на пијалоци во Австрија. Ситуацијата со снабдување со јаглероден диоксид во оваа земја е напната, но во момент го има доволно.

Досега од австриската пивска индустрија немадојави за недостиг на јаглеродна киселина – дури ни од големите производители, рече деновиве Флоријан Бергер, директор на Австриското здружение на пивовари за „Волксблат“.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Кирк Даглас замина во вечноста

Најдолговечната холивудска легенда, Кирк Даглас, почина на 103 години, соопшти неговото семејство. Неговиот син, Мајкл Даглас, ја објави…