Поскапува такси -превозот во Скопје

Такси – превозот во Скопје сепак ќе поскапи. Пред Советот на Град Скопје денеска повторно се најде Предлогот за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје и овој пат таа доби „зелено“ светло од советниците.

Советот за сообраќај на Град Скопје уште на предложи три тарифи за наплата на услугите во скопските такси – возила, кои веќе биле усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници.

Првата тарифа  е онаа која сега се применува, по која таксистите возат веќе 11 години и е 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар, како и чекање во место за еден час 300 денари. Втората тарифа е 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар, како и 420 денари чекање во место за еден час, што всушност е новата цена по која ќе возат таксистите. Третата тарифа е 60 денари старт и 35 денари за секој изминат километар, како и 480 денари чекање во место за еден час.

Сепак, без одговор остана прашањето на советникот Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“, кој побара одговор  која од трите тарифи кога ќе се применува, колку често ќе се менува и како ќе знаат граѓаните по која тарифа ќе им биде пресметан превозот.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Туристи во Црна Гора нарачале кафе со посебен вид млеко: Поради тоа што го добиле од келнерот се запалија мрежите – „Од сега ќе се вратиме на еспресо“

Видеото од туристите кои нарачале најобично кафе со млеко во Црна Гора преку ноќ стана вирално. Иако многумина…
Повеќе

И Обама фати корона

Поранешниот американски претседател, Барак Обама, е позитивен на тест за ковид-19. Информацијата во текот на вчерашниот ден ја…