Постигнат договор: Приватните превозници се враќаат на линиите, за долгот ќе се утврдува динамиката

Приватните автобуски превозници на денешнета средба постигнаа договор со скопската градоначалничка Данела Арсовска со кој ќе се вратат во системот на јавниот превоз, а за долгот кон нив ќе се утврди динамиката.

– Останува на нас превозниците да се реформираме, да ги послушаме советите што ни се дадени, за да се вратиме на скопските улици. Сите насоки беа дека ќе се модернизира јавниот градски превоз, а ние ќе бидеме вклучени, рече претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, по средбата со Арсовска.

Официјално не е ништо договорено, треба да пренесат на колегите од двете здруженија. Оваа недела ќе има уште најмалку еден состанок, за да се направат следните чекори.

Не може да се каже точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, но до четврток ќе има уште еден состанок за да се договорат деталите. Тие се надеваат дека сите приватни превозници ќе се вратат на линиите кои ги опслужуваа.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Италија одобри ставање на рафинеријата на Сицилија во сопственост на руски Лукоил во рацете на повереници, во обид да избегне затворање поради претстојното ембарго на руската нафта преку море

Италијанската влада во четвртокот одобри ставање на рафинеријата на Сицилија во сопственост на руски Лукоил во рацете на…